Дома Останати Тенис Ѓоковиќ руши рекорди во Токио

Ѓоковиќ руши рекорди во Токио

Ѓоковиќ денес забележа убедлива победа против Кеи Нишикори и закажа полуфинале на Летните Олимписки игри против Зверев.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Српскиот ас е блиску до златен медал кој би го додал во неговата богата колекција. За такво нешто ќе треба да слави прво со Германецот, а потоа да биде подобар од подобриот од второто полуфинале меѓу Карен Качанов и Пабло Карено-Буста.

Со пласманот помеѓу најдобрите четири, Ѓоковиќ испиша историја и стана првиот тенисер со три полуфиналиња на олимписките игри. Ако го победи Зверев тој ќе сруши уште едно достигнување, тоа би било рекорд по број на победи на ОИ. Во овој момент со 13 го дели првото место со Федерер.

Со Зверев Ѓоковиќ ќе се сретне за два дена, додека финалето се игра во недела во 15:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа ќе игра против Шпанка во првото коло од квалификациите за Вимблдон

Лина Ѓорческа го дозна името на својата прва противничка во квалификациите за Вимблдон. Ка…