Дома Тенис Ѓоковиќ рутински во четвртфинале во Токио

Ѓоковиќ рутински во четвртфинале во Токио

Новак Ѓоковиќ славеше и против Го Соеда со 6:4, 7:5 и се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Токио.

Светскиот рекет број 1 во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Јошихито Нишиока и Лука Пуил. 

Соеда на почетокот од мечот беше достоен ривал, па веќе во текот на вториот гем, Јапоанецот имаше три брејк топки, но Србинот го издржа притисокот и го задржа својот сервис, а потоа направи брејк за 3:1 и рутински го освои сетот.

Вториот сет мораше замина во тај-брејк, каде Ѓоковиќ беше поуспешен и со 7:5 го потврди пласманот меѓу осумте најдобри на турнирот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Штип пред домашно деби во ЛШ: Орион доаѓа со три сета предност

Штип УГД вечерва од 18 часот го пречекува Орион Старс во квалификацискиот реванш. Македонс…