Дома Тенис Ѓоковиќ после пласманот во полуфинале: Ова беше најдобриот меч годинава!

Ѓоковиќ после пласманот во полуфинале: Ова беше најдобриот меч годинава!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Токио откако го победи французинот Лука Пуј со 2:0 во сетови.

Денес тој беше голем фаворит против 24-от тенисер во светот и таа улога ја оправда на теренот без поголеми проблеми.

Ѓоковиќ првиот сет го доби со 6:1 откако направи два брејка, а во вториот сет му дозволи на противникот само два гема.

„Ова беше еден од најдобрите мечеви кои ги имам одиграно во оваа година. Сигурно најдобар во оваа седмица и дојде во вистинско време. Добро сервирав, имав доста удари, добро ритернирав, едноставно ја користев секоја шанса“, изјави Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Штип пред домашно деби во ЛШ: Орион доаѓа со три сета предност

Штип УГД вечерва од 18 часот го пречекува Орион Старс во квалификацискиот реванш. Македонс…