Дома Останати Тенис Ѓоковиќ после двата порази: Се чувствувам ужасно!

Ѓоковиќ после двата порази: Се чувствувам ужасно!

Новак Ѓоковиќ денес имаше еден од полошите денови во кариерата, Ѓоковиќ прво беше поразен во полуфиналето од Зверев во сингл конкуренција, а потоа го изгуби и полуфиналето во мешани двојки каде што играше со сонародничката Нина Стојановиќ.

После поразот од мечот во мешани двојки прашањето на новинарите во микс-зоната беше како се чуствуваш.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Ужасно! Се чувствувам ужасно!“, кратко одоговорил Новaк, пренесува „Спорт Клуб“, па продолжил.

Сигурно на Ѓоковиќ ќе му биде потребно време да се смири и да дојде на себе по овој кошмарен ден.

„Во овој момент се чувствувам ужасно. Од утре се надевам на свеж почеток. Се надевам дека ќе се опоравам и ќе донесам барем еден медал за својата земја“, зборувал српскиот тенисер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Србите тврдат: Ова е моментот кога „пукна тиквата“ помеѓу Ѓоковиќ и Иванишевиќ 🎥

Вчера спортската јавност беше изненадена со објавата дека Новак Ѓоковиќ ја прекинува сораб…