Екипата на Жозе Мурињо славеше во самиот финиш против Арсенал во дерби дуелот од 36. коло во Премиер лигата.
Јунајтед славеше со 2:1 и тоа благодарение на погодокот на Фелаини во 91. минута од мечот.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
На полувреме, Манчестер Јунајтед создаде предност, откако Погба во 16. минута го отвори резултатот за предност на домашните.
Во вториот дел Михтаријан ги врати „Топчиите“ со погодок во 51. минута, а до крајот не понудија многу, па оттаму стигна и казната од Фелаини кој им донесе на второпласираните Јунајтед нови три бода.
https://www.youtube.com/watch?v=5D5P7wMszJQ