Дома Фудбал Што ќе биде со Солари?

Што ќе биде со Солари?

Сантијаго Солари од вчера и официјално е поранешен тренер на Реал Мадрид.

Двата порази од Барселона и срамната елиминација од Ајакс му пресудија на Солари и во Мадрид не сакаа да го чекаат крајот на сезоната за да го раскинат договорот, а на негово место дојде Зинедин Зидан кој стави потпис на договор до 2022 година.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Забележително беше дека Солари не може да донесе пресврт во ситуацијата која настана кога Зидан го напушти клубот минатото лето.
Како и што пишуваа медиумите, Перез вчера самиот кажа дека Солари ќе биде оставен во клубот.

Меѓутоа прашање е која ќе биде неговата функција.

Се пишува дека ќе му биде понудено да се врати на кормилото на „Кастиља“, резервниот тим на Реал. Солари наводно се уште не одлучил.

Солари ќе остане запаметен како човек кој не направи никаков успех во Мадрид. За четири ипол месеци на клупата на „кралевите“ од вкупно 32 натпревари, победи на 22, два завршија со нерешен резултат, додека осум завршија со пораз.

Останува во наредните денови да видиме каква функција ќе му додели Перез и дали таа ќе биде прифатлива за Солари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн преку Арсенал до полуфинале🎥

Баерн Минхен обезбеди полуфинале во Лигата на шампиони откако со минимални 1:0 славеше про…