Дома Фудбал Англија Што се случува со фудбалерот кој Арсенал го плати 72 милиони фунти?

Што се случува со фудбалерот кој Арсенал го плати 72 милиони фунти?

Фудбалерот на Арсенал, Николас Пепе порача дека малата минутажа кај Микел Артета го прави несреќен.

Крилниот играч од Брегот на Слоновата Коска летото 2019 приситгна на „Емирати“ од Лил за сума од 72 милиони фунти, но во новото опкружување не се снајде баш најдобро.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од таа причина и неговата улога е се помала. Сезонава одигра само еден натпревар како стартер во Премиер лигата.

„Мојата цел е да играм повеќе. Фудбалерот е среќен кога игра. Јас сакам повеќе минути за да ми се врати насмевката“, изјави 25 годишниот фудбалер во разговор за „Канал плус“.

Потоа Пепе зборуваше за соработката со Артета.

„Сака да бидам 100% фокусиран во текот на целиот натпревар, а потоа на тренингот сфаќам дека ќе бидам на клупа. Тоа е фрустрирачки“, додаде Пепе.

Вкупно за Арсенал Пепе запиша 54 натпревари и постигна 11 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…