Леброн Џејмс се врати на паркетот минатиот викенд против Сакраменто после паузата од месец ипол поради повреда на зглобот.
Џејмс се врати заигра, а потоа повторно „исчезна“. Не беше списокот за натпреварите против Денвер и ЛА Клиперси. Го немаше на пописот повредени играчи, а не е ниту во протоколот за коронавирусот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После вчерашниот натпревар против градскиот ривал, тренерот Франк Вогел новинарите го прашаа зошто е отсутен Лебон. Неговиот одогвор беше краток.
„Леброн едноставно не е тука“, кратко одговори Вогел кој очигледно не сакаше да откри зошто ја нема првата ѕвезда на тимот.
Лејкерси во овој момент се шести на табелата, а Леброн ќе го нема во протоколот ниту за наредниот натпревар против Портланд.