Дома Фудбал Останато Што правел Роналдо после неговата прва титула во ЛШ? Вежбал во теретана!

Што правел Роналдо после неговата прва титула во ЛШ? Вежбал во теретана!

За карактерот на Роналдо и неговата желба да биде најдобар веќе сме слушнале многу, но сега негов сонародник раскажа нешто што не беше познато за јавноста.

Роналдо во 2008 година ја освои својата прва титула во Лигата на шампионите, неговиот Манчестер Јунајтед таа вечер го победи Челзи после подобро изведување на пенали во Москва. Роналдо таа вечер можеше да стане трагичар, но имаше среќа Џон Тери да се лизне и да промаши во клучниот пенал. Претходно во регуларниот дел Роналдо беше стрелец на голот за Јунајтед.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако Роналдо таа вечер стана шампион на Европа тој не чувствувал преголема потреба за славење. Место тоа направи нешто што сигурно не би го направил никој друг, се вратил дома и отишол во – теретана! Тоа го откри, Нуно Вивеирос кој живееше со Роналдо.

„Живеев со Роналдо во Манчестер пет години. Тоа беше неверојатно искуство. Знаете ли што направи Роналдо кога се врати во Манчестер после освојувањето на Лигата на шампионите во 2008 година? Отиде во теретана! Отиде да тренира откако стана шампион, звучи неверојатно, но тој едноставно е таков“, раскажа Вивеирос

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Покетино за дебаклот: Срам? Тоа не е вистинскиот збор…

Фудбалерите на Челзи доживеаа вистинска шлаканица од големиот градски ривал Арсенал во вче…