Дома Трансфер зона Што ова значи за Де Геа? Хендерсон потпиша на пет години!

Што ова значи за Де Геа? Хендерсон потпиша на пет години!

Преговорите завршија Дин Хендерсон (23) потпиша нов петгодишен договор со Манчестер Јунајтед.

Хендерсон е продукт на младинската школа на „црвените ѓаволи“, а сезонава блескаше на позајмица во Шефилд Јунајтед и ваков развој на ситуацијата беше сосема очекуван посебно после големиот пад на формата на Давид Де Геа. Во еден момент се поставуваше прашањето каков план има Солскјер со Хендерсон, дали ќе оди на нова позајмица, но од тоа нема да има ништо. Хендерсон ќе остане и ќе се бори со Де Геа за место во стартниот тим.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Договоорт на Хендерсон е петгодишен и вреден 32.4 милиони евра или 135.000 евра по сезона.

„Ќе дадам се од себе да напредувам секој дена за да одиграм што повеќе натпревари во сезоната која е пред нас. Тука има два одлични голмани и се радувам што ќе се натпреварувам со нив“, порача Хендерсон.

Манчестер Јунајтед сега во првата екипа има четири голман. Покрај Де Геа и Хендерсон, тука се Серхио Ромеро и Ли Грант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…