Дома Македонски спорт Мак фудбал Што ако ФФМ го прифати предлогот на УЕФА? Вардар шампион, Пелистер и Белсица прволигаши!

Што ако ФФМ го прифати предлогот на УЕФА? Вардар шампион, Пелистер и Белсица прволигаши!

Утре УЕФА ќе одлучува што со европскиот фудбал преку видео-конференција со членовите на нционалните фудбалски федерации ќе се решава за Европското првенство кое е треба да се игра ова лето.

Покрај Европското првенство ќе се разговара и за националните шампиони кои во овој момент во најголемиот дел од Европа се во прекина. УЕФА ќе даде предлог сите шампионати да се прекинат и табелата да се смета како што е актуелната ситуација. За приме, Чиле веќе прогласи шампион на шест кола пред крајот на првенството.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каква ќе биде ситуацијата кај нас ако ФФМ го прифати тој предлог?

Нов шампион би бил Вардар, а пласман во првата лига ќе изборат Пелистер и Беласица. Испаѓање од лигата не би имало, туку лигата само би се проширила.

Кога е Европското првенство во прашање тоа е предвидено да се игра од 12 јуни до 12 јули меѓутоа според актуелната ситуација тешко дека најсилните европски селекции ќе играат во тој термин.

Одложување на Европското првенство скоро сигурно ќе значи и одложување на натпреварот помеѓу Македонија и Косово во баражот на Лигата на нации кој е закажан за 26. март. Ќе потсетиме ФФМ веќе испрати барање за одложување на овој дуел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…