Последните најави од Шпанија се дека Карло Анчелоти ќе си замине од Реал Мадрид на крајот на сезоната, а според последните информации Флорентино Перез веќе донел одлука кој да го наследи на клупата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според последните информации на шпанските медиуми, Перез одлучил нов тренер на „кралевите“ по заминувањето на италијанскиот стратег да биде Раул Гонзалес.
Раул е клупска легенда, еден од најголемите кој го носеле белиот дрес, а во овој момент одлично работи во младинските категории. Доби Раул понуди и од други клубови во последниот период, се обидуваше и Лидс да го доведе, но Шпанецот остана во Мадрид и на големо се тврди дека негова желба е да стане прв тренер на Реал.
Од друга страна Перез не е најзадоволен од постигнувањата на Анчелоти сезонава. Титулата во Ла Лига е далеку затоа што Барселона има цели девет бодови предност, а Каталонците го победија најголемиот ривал и во првиот натпревар од полуфиналето во Купот. Засега Реал е само блиску до четвртфиналето во ЛШ каде што во првиот натпревар Реал го победи со 5:2.
Во играчката кариера Раул за период од 1994 до 2010 година постигна 323 гола на 741 натпревар, како тренер во младинските категории работи од 2018 година.