Дома Фудбал Шпанскиот фудбал завиен во црно: Почина легендарниот фудбалер

Шпанскиот фудбал завиен во црно: Почина легендарниот фудбалер

Легендарниот шпански фудбалер Енрике Кастро – Квини почина денеска на 68 годишна возраст по срцев удар, објави „Марка“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешниот голгетер на Спортинг Хихон и Барселона почина во близина на својот дом во Хихон, а итната помош безуспешно се обидела да го реанимира.

Квини во два наврати вкупно 15 години го носеше дресот на Спортинг Хихон (1968-1980 и 1984-1987) и дури пет пати беше најдобар стрелец во шпанското првенство, како и два пати во втора лига.

Четири сезони го носеше дресот на Барселона, во периодот меѓу заминувањето и враќањето во Спортинг, а во текот на својата исклучително богата кариера вкупно постигна 369 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова се паровите за 1/16 финалето во Купот на Македонија

Утврден е распоредот и натпреварувачките парови од 1/16-финалето на Купот на Македонија за…