Дома Видео Шпанска Марка нема милост: Ова му беше најлошиот натпревар во кариерата

Шпанска Марка нема милост: Ова му беше најлошиот натпревар во кариерата

Откако Барселона во драматичен натпревар остана без финале во ЛШ, дојде време да се најдат виновниците за неуспехот.

Иако најголемиот дел од играчите на каталонскиот тим одигра под своето ниво, шпанска Марка му се нагледа на Жорди Алба кој според многумина е најдобриот лев бек на светот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марка пишува дека Алба беше главниот виновник при првите два погодока на Ливерпул.

Алба, кој има одлична сезона зад себе прво во седмата минута лошо со глава ја изби топката која дојде до Садио Мане, а на крајот Ориги постигна гол за 1:0.

Потоа повторно во 54. минута беше виновен за голот кога ја загуби топката од Александер Арнолд, кој потоа го помина и му асистираше на Вајналудм кој зголеми на 2:0.

Веќе одамна се знае дека Алба во одбрана е слаб и повеќе мисли на нападот, а шпанските медиуми се согласуваат дека ова беше негов најлош натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Роналдо донел одлука: Го продава и вториот клуб кој го поседува

Легендарниот бразилски фудбалер Луис Назарио де Лима Роналдо јасно ставил до знаење дека ф…