Како гром од ведро него одекна веста дека Интер му ја одзеде капитенската лента на Мауро Икарди и за нов капитен на тимот го назначи Самир Хандановиќ.
Миланскиот клуб попладнево преку официјално соопштение извести дека нов капитен на тимот ќе биде Самир Хандановиќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Фудбалскиот клуб Интер соопштува дека нов капитен на тимот ќе биде Самир Хандановиќ“, стои во соопштението.
Il Club comunica che il nuovo capitano della squadra è Samir #Handanovic#FCIM
— Inter (@Inter) February 13, 2019
Клубот веќе подолго време има проблем со Икарди околу продолжување на неговиот договор, а неодамна капитенот преку социјалните мрежи и директно ги нападна навивачите.
Тренерот Спалети призна дека има проблем и го повика раководството што побрзо да се реши бидејќи тоа влијае на односите во соблекувалната и на резултатите на теренот.
Раководството на Интер се одлучи за радикално решение и му ја одзеде траката на Икарди, а за нов капитен на тимот го назначи Самир Хандановиќ.
Останува да видиме како ова ќе се одрази на тимот, но пред се на самиот Икарди, кој во последно време игра непрепознатливо и јасно беше дека има проблеми во клубот.
Неговата сопруга и менаџер Ванда Нара веќе неколку месеци е во преговори со раководството за нов договор, но двете страни никако не можат да најдат заеднички јазик.
Голгетерот има договор со „нероаѕурите“ до 2021 година, но јасно е дека после ваквиот потег на лето најверојатно ќе ја промени средината бидејќи многу европски гиганти се интересираат за неговиот потпис.