Репрезентацијта на Словенија ќе биде значително ослабена на престојното пренство во Хрватска откако на денешниот тренинг сериозна повреда заработи Матеј Габер. Станува збор за скршеница на коска на стопалото што значи и подолга пауза од терените.

Габер одлична игра прикажува во Пик Сегед,а настапува на позицијата пивот, главна улога има во одбраната и е еден од клучните ракометари на таа позиција. Со оваа повреда селекторот Вујовиќ е пред сериозни проблеми кој сеуште не знае дали ќе има зелено светло за настап на Доленец и Хенигман.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Само за потсетување, Словенија е нашиот прв ривал на овој шампионат, меч што ќе се игра на 13 јануари во „Арена“ во Загреб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…