Дома Фудбал ШОК за Реал: Карвахал има проблеми со срцето

ШОК за Реал: Карвахал има проблеми со срцето

Реал Мадрид објави дека на Дани Карвахал му била откриена вирусна инфекција, која влијае врз работата на неговото срце.

Клубот не соопшти колку вирусната инфенција е сериозна и колку Карвахал ќе биде надвор од тимот.

„Темпото на неговото опоравување допрва ќе се проценува“, соопшти клубот.

Симптомите на перикардитис, кога се сериозни, можат да бидат слични на срцев удар, но најчесто се манифестираат како ненадејни силни болки во градите.

Дани Карвахал е еден од најважните фудбалери на Реал Мадрид и неодамна го продолжи договорот до јуни 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спалети под притисок во Јувентус: На дел од играчите им пречат долгите говори

Пред дуелот со Наполи, „Ла Стампа“ открива незадоволство во Јувентус: дел од фудбалерите с…