Дома Фудбал Шок за Мурињо: Фенербахче остана без Лигата на шампионите

Шок за Мурињо: Фенербахче остана без Лигата на шампионите

Фудбалерите на Лил се пласираа во плеј-оф рундата од Лигата на шампионите, откако го совладаа Фенербахче во два натпревари.

Францускиот тим добро се бранеше до судиското надополнување, кога Бафоде Диаките ја затресе сопствената мрежа, за натпреварот да оди во продолжение. Кога Аиса Манди заработи црвен картон во 109. минута поради остар фаул над Ирфан Кахвеџи, се чинеше дека Фенер ќе слави. Сепак, гостите добија пенал во 116. минута со играч помалку.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Александар Дијку играше со рака, а шпанскиот судија Хозе Марија Санчез Мартинез покажа на белата точка по ВАР-асистенција.

Џонатан Дејвид беше сигурен за 1:1 и пласманот на Лил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Леао се посрамоти во дебаклот на Милан – место даде гол, тој спречи! (Видео)

Рафаел Леао некогаш беше сметан за еден од најдобрите крилни играчи, а за тоа зошто сега н…