Дома Фудбал Шок за Италија пред ЕП: Еден од најдобрите млади играчи не оди на ЕП, заработи тешка повреда

Шок за Италија пред ЕП: Еден од најдобрите млади играчи не оди на ЕП, заработи тешка повреда

Италијанскиот репрезентативец Џорџо Скалвини ќе го пропушти Европското првенство откако се здоби со повреда на лигаментите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесуваат италијанските медиуми, Скалвини се повредил на крајно бизарен начин – во самиот финиш на меч без резултатско значење меѓу Аталанта и Фиорентина (тимот од Фиренца победи со 3:2) во 29. коло од италијанската Серија А.

На шест минути пред крајот на мечот Скалвини мораше да го напушти теренот поради повреда, а подоцнежните прегледи покажаа дека фудбалерот ќе биде надвор од конкуренција дури до јануари 2025 година.

Работата да биде уште полоша, италијанската јавност го нападна Џан Пјеро Гасперини, тренерот на Аталанта, бидејќи го вклучи овој фудбалер во тимот иако мечот немаше тежина, и не само тоа, туку го држеше во игра речиси до самиот крај.

Ова е сериозен удар за тимот на Лучијано Спалети, па останува да се види како ќе реагираат и дали ќе пристигне замена за младиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Претседателот на ФИФА по натпреварот влезе во соблекувалната на Иран и одржа говор – еве што кажа!

Натпреварот меѓу Иран и Нов Зеланд во првото коло од групата Г на Светското првенство доне…