Дома Фудбал Шок за Барса: Познато колку ќе отсуствува Дембеле!

Шок за Барса: Познато колку ќе отсуствува Дембеле!

Барселона успеа да победи на гостувањето кај Гетафе, но остана без најскапата аквизивија, Осман Дембеле.

Младиот Французин мораше да го напушти теренот поради повреда уште во 27-та минута, а денес стана јасно колку време ќе отсуствува од терените.

Денес откако беа направени детални испитувања, познато е дека Дембеле 3 до 4 недели ќе биде надвор од терените.

Дотогаш ќе ги пропушти дуелите со Еибас, Гирона и Лас Палмас во Ла Лига и Спортинг Лисабон во Лигата на шампионите, а би требало да биде спремен за големото дерби против Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голема бомба од Саудиска Арабија: Кристијано Роналдо го купува Ал Наср!

Кристијано Роналдо би можел од улогата на најголема ѕвезда на Ал Наср наскоро да се пресел…