Шокантна вест ни пристигнува ова претпладне.
Актуелниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Косово и поранешен напаѓач на Партизан, Фадиљ Вокри почина изненадувчаки во својата 57 година од животот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Оваа вест ја потврди секретарот на косовскиот сојуз Ерол Салихо, пишува „Коха диторе“.
„Пациентот е примен без значи на живот во 10:30 часот. И покрај сите вложени напори не успеавме да го реанимираме“, соопшти портпаролката на кличничкиот центар во Приштина, Мрилинда Кукаија.
Фадиљ Вокри во текот на играчката кариера голема трага остави во дресот на Партизан каде што настапуваше од 1986 до 1989 година. Во тој период одигра 55 натпревари, постигна 18 погодоци за клубот од Хумска и даде голем допринос во титтлата шампион на Југославија во сезоната 1896/87 како и освојувањето на Купот на Југославија во 1989 година, прв во тоа натпреварување за Партизан после 32 години!
Во редовите на црно-белите стигна од Приштина, постигна 55 погодоци на 172 натпревари.
Од Партизан направи трансфер во француски Ним, а потоа и во Фенербахче каде што своевремно работеше со Гус Хидиник.