Поранешниот кошаркар Дејан Милојевиќ (46) доживеал срцев удар и е опериран, дознава „Спорт Клуб“ повикувајќи се на извори блиски до Милојевиќ.
На Милојевиќ му се слошило во текот на вечерата во еден ресторан во Солт Лејк Сити каде што Голден Стејт треба да игра натпревар против Јута. Милојевиќ е член на струшниот штаб на Вориорси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Спорт Клуб“ додава дека Милојевиќ веднаш бил пренесен во најблиската болница. Повеќе информации за неговата состојба би требало да бидат познати во текот на денот.
Коментари