Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси нема намера да го продолжи договорот со каталонскиот клуб, тврди мадридскиот венсик „Марка“.
Аргентинецот има сигурна соработка со каталонскиот гигант до 2018 година, а шпанскиот весник тврди дека сигурно нема да остане на „Ноу Камп“.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Извори на весникот тврдат дека Аргентинецот ја донел оваа одлука во текот на летото, кога бил на одмор со своето семејство бидејќи му е потребен нов предизвик во кариерата.
Тој му порачал на својот татко и еден човек од опкружувањето да го информираат раководството на Барселона за тоа. Меси дури не ја исклучува варијантата да игра за друг тим пред истекот на договорот, кој е до летото 2018 година.
Дури и претседателот на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу бил запознаен со одлуката на Меси, а по првичиот шок, првиот човек на клубот го советувал Аргентинецот да не брза и да размисли добро пред неговото конечно решение.