Одлуката на раководството на Австралија Опен да му дозволи настап на Ѓоковиќ на претстојниот гренслем-турнир иако не е вакциниран со објаснување дека заслужил „медицински исклучок“ предизвика реакции во јавноста.
Помеѓу оние кои ја критикуваа ваквата одлука е и чичкото на Рафаел Надал, Тони Надал. За него Ѓоковиќ се однесува несериозно.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Морам да признаам дека не ми се допадна таа објава „медицински исклучок“. Мислев дека Новак или ќе се откаже или ќе се вакцинира. Скоро шест милиони луѓе го загубија животот од овој проклет вирус. Би сакал Ѓоковиќ да знае колку е сериозна ситуацијата и да излезе да даде објаснување“, изјави Тони Надал.