Дома Трансфер зона „Шевролет“ ќе му помага на Јунајтед да го врати Роналдо?

„Шевролет“ ќе му помага на Јунајтед да го врати Роналдо?

Англиските медиуми објавија дека произведувачот на автомобили „Шевролет“ одлучил да го врати Кристиано Роналдо во Англија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Манчестер Јунајтед долги години се мачи и засега изгледа дека во оваа конечно се на вистинскиот пат. Со доаѓањето на Бруно Фернандеш Јунајтед доби многу, а сега се шпекулира дека ќе направат обид да го вратат Роналдо.

„Шевролет“ го продолжи спонзорството со Јунајтед и сега има намера да вложи пари и да помогне на клубот да го врати португалскиот ас.

Во „Шевролет“ знаат дека Роналдо може да се исплати на разни начини, само неговото име е доволно да се зголеми продажбата на дресови, и акциите на клубот би скокнале веднаш. Таков беше случајот кога Роналдо од Реал премина во Јувентус.

Нешто што би можело да направи проблем е неговата плата. Прашање е дали Јунајтед ќе може да исплаќа 30 милиони евра по сезона колку што добива Јувентус, сепак не се исклучува можност и тука „Шевролет“ да помогне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…