„Кориере Дело Спорт“ се занимаваше со оваа тема, а успехот се мереше по бројот на фудбалери кои успеале да стигнат до првите тимови во клубови од Сериј А и Серија Б.
Истражувањето покажало дека најмногу играчи доаѓаат од младинскиот погон на Рома.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако веќе некое време се чека „волчицата“ да „исфрли“ некој фудбалски бисер како што тоа беше случај со Тоти, Де Роси или во поново време Флоренци. Во овој момент дури 44 фудбалери кои потекнуваат од младинската школа на овој клуб настапуваат во двете најсилни лиги.
Нешто повеќе ги има во Серија Б (25), додека во Серија А има (19), а петмина се во матичниот клуб. Во тимот на Еусебио Ди Франческо настапуваат Даниеле Де Роси, Алесандро Флоренци, Лоренцо Пелегрини, Елио Карпадоси и Мирко Антонучи (дебитираше за првиот тим пред нешто помалку од еден месец).
Веднаш зад Рома е Милан кој има 43 првотимци, а трет е Интер со 40.
Комплетента листа можете да ја погледнете ТУКА