Дома Видео Чудото од дете на Реал се посрамоти, дури и навивачите на неговиот клуб му се смеат

Чудото од дете на Реал се посрамоти, дури и навивачите на неговиот клуб му се смеат

Доцна синоќа се одигра натпревар од 13. коло на шампионатот во Бразил помеѓу Атлетико ПР и Палмеирас.

На самото отворање на натпреварот, во 4. минута беше досуден пенал за Палмеирас, а одговорноста ја презеде чудото од дете на Реал, Ендрик.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ендрик реши да го шутира пеналот, а очигледно беше дека сака да се забавува, но на крајот се посрамоти како никогаш во кариерата бидејќи голманот ја фати топката.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Да потсетиме, Реал Мадрид на крајот на минатата година заврши феноменална работа бидејќи со Палмеирас се договори за трансфер на 16-годишниот Ендрик.

Раководството на Реал Мадрид се согласи веднаш да плати 35 милиони евра, додека остатокот од 25 милиони евра ќе ги плати кога Ендрик ќе стане полнолетен и ќе дојде во својот нов клуб.

Ова ќе се случи во летото 2024 година, а Палмеирас преку разни бонуси би можел да заработи уште десет милиони евра, што е одлична работа за овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Фудбалерите не сакаат повеќе да молчат – и се заканија на ФИФА со тужба!

Светската фудбалска федерација ФИФА е повикана да ги разгледа плановите за домаќин на Свет…