Дома Фудбал Репрезентации Чудни звучи: Германија уште нема победа во Лигата на Нации

Чудни звучи: Германија уште нема победа во Лигата на Нации

Веќе започна второто издание во Лигата на Нации, а чудно звучи податокот кој говори дека една од најсилните селекции во светот, Германија се уште нема победа во ова натпреварување.

Германците се уште чекаат на првиот триумф во ова натпреварување, чудно е меѓутоа реалноста е таква. Германија е во А лигата и во првото коло одигра реми (1:1) против Холандија, а со истиот резултат заврши и натпреварот во Базел против Швајцарија. Така новата сезона Германија ја започна со две нерешени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во претходно, премиерно издание во Лигата на Нации Германија играше во група со Холандија и Франција и не успеа да победи. Германците имаа два порази и два нерешени резултати. Кога се ќе се собере Германија во шест натпревари се уште чека на првата победа во ова ново натпреварување.

На прва победа чекаат уште Сан Марино, Малта, Летонија, Андора и Литванија од Д лигата и Република Ирска од Б лигата. Сепак, името на Германија привлекува најголемо внимание на оваа „листа“.

Шанса да ја прекине оваа црна низа Германија ќе има на 10 октомври во Киев кога ќе играат против Украина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…