Дома Останати Кошарка НБА Чудесниот Ленард го реши Далас: Серијата оди во седми меч! 🎥

Чудесниот Ленард го реши Далас: Серијата оди во седми меч! 🎥

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс на гости славеа против Далас Маверикс со 104:97 и така падникот во полуфиналето на Западната конференција ќе биде познат после седмиот натпревар во Лос Анџелес.

Луда ноќ имаше Каваи Ленард кој погоди скоро се во овој дуел и целосно ги уништи Мавси. Далас добро влезе во натпреварот. Во поголемиот дел од натпреварот домаќините имаа предност која одеше и до плус девет.
Меѓутоа потоа неверојатниот Каваи Ленард тргна во акција и ги уништуваше Маверикс од сите позиции, едноставно беше незапирлив.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во клучните моменти Ленард погодуваше неверојатни шутеви и на крајот тој беше најзаслужен што тимот од Лос Анџелес на свој паркет ќе има шанса да се избори за полуфинале на Западната конференција.

Ленард го заврши натпреварот со 45 поени (18/25) и додаде шест скока, а се истакна Реџи Џексон со 25 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…