Дома Трансфер зона Чистка на „Олд Трафорд“: Петмина ги спакуваа куферите

Чистка на „Олд Трафорд“: Петмина ги спакуваа куферите

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер направил список од пет имиња кои ќе си заминат од клубот ова лето, тврдат медиумите на Островот.

Солскјер сака да направи промени во тимот ова лето и да донесе неколку квалитетни фудбалери, па затоа ќе му ја отвори излезната врата на неколку фудбалери кои не се во неговите планови.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Медиумите тврдат дека ова лето „Олд Трафорд“ ќе го напуштат Фил Џоунс, Крис Смолинг, Андрес Переира, Џеси Лингард и Алексис Санчез.

Смолинг и Санчез се на позајмица во Серија А, за дефанзивецот постои огромен интерес, додека за Чилеанецот проблем е неговата висока плата.

Останатите тројца фудбалери се веќе известени од раководството дека не влегувата во плановите за следната сезона и можат да си бараат нов клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…