Иако актуелната сезона се уште не е завршена Челзи веќе вложи огромна сума во засилувања. До сега во клубот пристигнаа Хаким Зијеш и Тимо Вернер, но тука веројатно нема да биде крајот.
Со оглед дека наредни мети на „сините“ Каи Хаверц и Бен Чилвел ќе бидат потребни пари за да се задоволат потребите на тренерот Френк Лампард.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тајмс“ тврди дека „сините“ имаат намера да продадат дури 13 фудбалери ова лето. На трансфер листата во прв ред ќе бидат Емерсон Палмери, Марко Алонсо, Курт Зума, Андрес Кристенсен. Мичу Батшуаи и Рос Баркли. Исто така, некои од играчите кои во овој момент се на позајмица како Бебе Рахман, Тајмон Бакајоко, Виктор Мозес и Марио Пашалиќ ќе бидат продадени. Продаден би можел да биде и Нголо Канте, меѓутоа само во случај на атрактивна понуда. Не е исклучена можност клубот да го пушти и Жиру иако Французинот неодамна го продолжи договорот.
Од голема важност за Челзи ќе биде пласманот во Лигата на шампионите, односно задржување на четвртата позиција во Премиер лигата.