Во врска со одлуката на организаторите на Австралија Опен, покривот на арената на денешното финале да биде навлечен, се огласи и хрватскиот тенисер Марин Чилиќ кој го загуби денешното финале од Роџер Федерер.
По ваквиот потег, многумина сметаа дека Роџер Федерер добил голема помош од организаторите.4
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Дали ќе беше поинаку ако се играше на отворено? Верувам да. Тешко беше да се прилагодам, особено настартот, затоа што беше значително поладно. Постојано се загревав и тренирав на ист терен. Не сакав да имам негативни мисли и да се расправам со било кого., иако не бев консултиран од никого. Но, условите не беа толку лоши за покривот да се затвори, а јас од друга страна одиграв лош меч во кој ги загубив првите два сета и потоа постојано заостанував“, истакна Чилиќ.