Дома Фудбал Чеферин: Не чека спектакл во Катар, но се надевам дека повеќе нема да има Мундијал во зимски период

Чеферин: Не чека спектакл во Катар, но се надевам дека повеќе нема да има Мундијал во зимски период

Првиот човек на Европскиот фудбал, Александар Чеферин порача дека не му се допаѓа организацијата на Светското првенство во зимски период како што е сега случај во Катар.

Претседателот на Европската куќа на фудбалот порача дека очекува одлична организација од страна на Катар, меѓутоа смета дека ваква ситуација не треба да има во иднина.

„Не се сомневам дека Светското првенство ќе биде одлично организирано, но се надевам дека повеќе нема да се игра Мундијал на зима. Не чека спектакл и одличен месец за фудбалот, а очекува повторно европска селекција да го освои првенството, иако Бразил и Аргентина имаат силни селекции“, изјави Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Куп-сензација: Флитвуд го исфрли Арсенал на пенали!

Четвртолигашот му приреди горчлива вечер на Арсенал: ниту голот на Ѓокереш не беше доволен…