Фајнл-фор со најдобрите четири екипи во сезоната ќе биде новитетот кој ќе се воведе во фудбалската Лига на шампиони во 2025 година.
Таа година започнуваат реформите во најелитното европско натпреварување. Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и најави организација на фајнл-фор во завршницата од најелитното европско натпреварување, но тоа нема да се случи пред сезоната 2024/2025.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фајнл-фор во ЛШ веќе се одигра во 2020 година поради корона-пандемијата. Најдобрите екипи во таа сезона тогаш играа во Лисабон.
„За фајнл-форот не стигнавме да преговараме и разговараме поради пандемијата, но мислам дека тоа би било одлична работа и би било понеизвесно и поинтересно за навивачите. Веќе разговаравме со претседателите на неколку клубови и во главно се сложуваат. За ова треба да договориме само како да се компезираат финансиите што клубовите ќе ги загубат, затоа што не би биле домаќини на полуфиналето. Мислам дека фајнл-форот може да биде реалност од сезоната 2024/2025, тешко порано“, најави Чеферин.