Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин во интервју за „Газета дело Спорт“ зборуваше за повеќе теми, тука беа и разговорите за Суперлигата и жалбите на играчите на преголемиот број натпревари во сезоната.
Чеферин смета дека немаат за што да се бунат.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Клубовите бараа десет натпревари во Лигата на шампионите, ќе има осум. Првенства со 18 екипи би биле повеќе корисни, но претседателите не се сложуваат. Треба да се сфати дека два национални купа се премногу. Клоп и Гвардиола се жалат? Лесно е секогаш да се напаѓаат ФИФА и УЕФА, но ситуацијата е јасна – играш помалку, добиваш помала плата. Ако некој треба да се жали тоа се работниците во фабриките, не тие“, истакна Чеферин.
Уште еднаш порача дека Суперлигата е завршена работа, а со Ањели не разговара.
„Со Ањели немам никаков однос. Со Перез се сретнав во Париз и го почитував протоколот, му честитав. Не можам да очекувам дека УЕФА ќе биде во моја сопственост. УЕФА не е монопол, сите се слободни да одлучат дали ќе бидат во неа. Можат да учествуваат во нашите натпреварувања или да си формираат свои. Но, кога би имале свои логично е да не играат во нашите, нели? Каква и да е одлуката на судот, ништо не се менува, завршено е со тој проект“, заврши претседателот на УЕФА.