Дома Останати Кошарка НБА Четврта победа во низа за Лејкерси, дабл-дабл на Јокиќ во триумфот на Денвер

Четврта победа во низа за Лејкерси, дабл-дабл на Јокиќ во триумфот на Денвер

Тимот на Лос Анџелес Лејкерси игра под очекувањата оваа сезона, меѓутоа против Атланта стигнаа до четвртата победа во низа и тоа нивна најдолга сезонава.

Маестрален повторно беше Леброн Џејмс кој постигна 32 поени. Голема помош имаше од Малик Монк кој постигна 29 поени, а Ејвери Бредли и Тален Хортон-Такер уфрлија по 21 поен. Кај Хокс најдобар беше Трае Јанг со 25 поени и 14 асистенции.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Никола Јокиќ го предводеше Денвер до победа против Сакраменто од 121:111. Јокиќ натпреварот го заврши со 33 поени и 10 скока. Треба да се спомене дека уште шест играчи на Денвер имаа двоцифрен ефект во нападот.

Милвоки ја прекина серијата од два порази во низа со победата кај големиот ривал Бруклин со 121:109. Јанис се врати на паркетот и постигна 31 поен. Дурант беше најдобар на спротивната страна со 29 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Филаделфија – Сан Антонио 119-100
Торонто – Јута 122-108
Чикаго – Вашингтон 130-122
Хјустон – Далас 106-130
Оклахома – Минесота 105-135
Портланд – Кливленд 101-114

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…