Дома Фудбал Англија Челси во Ливерпул патува со ослабена екипа

Челси во Ливерпул патува со ослабена екипа

Еден од најинтересните натпревари од 37. коло во ПЛ ќе биде одигран на Енфилд помеѓу Ливерпул и Челси.

Сините во овој натпревљар ќе бидат ослабени со неиграњето на Нголо Канте чие отсуство го потврди тренерот на екипата, Франк Лампард.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Нголо не е подготвен, нема да игра на утрешниот натпревар.“ – изјави Лампард на прес конференцијата пред натпреварот.

Канте, кој оваа сезона постигна еден погодок се повреди на почетокот на јули кога Челси го победи Ватфорд со 3:0.

Инаку, на Челси утре му се потребни бодови да го потврдат пласманот во ЛШ, додека Ливерпул може да игра растеретено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лудо дерби на “Енфилд” ја остави Ман Сити во трката

Манчестер Сити остана во трката за титулата со Арсенал, откако извојува исклучително вредн…