Претседателот на Бреша, Масимо Челино го потврди трансферот на Сандро Тонали во Милан.
Големиот италијански талент беше сметан за сигурно засилување на Интер, но Милан успеа да го „украде“ пред носот на големиот ривал.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Интер комплетно ја погреши тактиката со Тонали. Марота го сакаше, а Конте го обожава играчот. Тие се договорија со агентот и другите заинтересирани клубови беа отфрлени поради „нероаѕурите“. Меѓутоа, одолговлекуваа со комплетирањето на трансферот и се појави Милан кој беше конкретен“, потврди Челино.
„Тонали е голем фан на Милан и кога виде дека „росонерите“ имаат сериозна намера не сакаше повеќе да слушне за друг клуб. Малдини покажа класа уште еднаш, тој има ДНК на Милан и се гледа дека ќе биде голем директор. Беше задоволство да се преговара со него, бидејќи има стил. Лесно го договоривме трансферот“, додаде претседателот на Бреша.
Милан за потписот на Тонали ќе плати 35 милиони евра со вклучени бонуси, а играчот оваа недела треба да стави потпис на договорот со „росонерите“.