Монако ја постави цената за играчот за врска и француски репрезентативец Орелиан Чаумени, пренесуваат француските медиуми.
Клубот од „кнежевството“ за 21-годишниот Чуамени бара 50 милиони евра, сума која се спремни да ја платат неколку европски гиганти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Чуамени минатата сезона се наметна во тимот на Монако, а оваа сезона игра одлично и веќе е стандарден за француската репрезентација.
Челзи сака да го донесе Французинот уште во јануари и е спремен да ја победи конкуренцијата, па спремил прва понуда од 40 милиони евра.
Тухел сака да го засили средниот ред и верува дека Чуамени ќе му даде повеќе цврстина на тимот.