Дома Трансфер зона Челзи ја одреди цената за еден од најобарните тинејџери во светот – се чека реакција од Баерн

Челзи ја одреди цената за еден од најобарните тинејџери во светот – се чека реакција од Баерн

Eден од најреномираните спортски медиуми во светот, германскиот „Билд“ денес пренесува информации за цената која од Челзи ја поставиле за еден од најбараните тинејџери во светот во овој момент, Калум Хадсон-Одои.

Одои се уште нема започнато натпревар во Премиер лигата од кога Маурицио Сари седна на клупата на „сините“. Меѓутоа и покрај тоа импресионираше со настапот за репрезентацијата на Англија против Црна Гора.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познато е дека долго време германскиот Баерн Минхен се обидува да го доведе Одои, во таборот на Германците не ја криеа желбата да го доведат овој фудбалер.

Нико Ковач испраќаше неколку понуди на адреса на „сините“, а највисоката изнесуваше 40 милиони евра, но таа беше одбиена од страна на Германците.
Списокот на заинтересирани клубови сега е подолг, па освен Баерн за Одои интерес покажаа Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Германски „Билд“ сега открива дека од Челзи одлучиле да не ризикуваат и да го продадат Одои додека можат да заработат од него. Таа сума според информациите изнесува 50 милиони евра.

https://www.youtube.com/watch?v=fenH73syF8k

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…