Челзи доби дозвола да купува фудбалери во јануари и конечно ќе може да го освежи својот состав, а тоа го потврди и тренерот Лампард.
Лампард во летото не можеше да купува нови играчи, па оваа сезона промовираше некои млади фудбалери кои блеснаа во синиот дрес.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лампард сака да ги засили крилните позиции и поради тоа главна мета ќе биде Вилфред Заха од Кристал Палас. Играчот беше на излезна врата уште во летото, па инсистира да ја промени средината во јануари.
Проблем може да биде високата цена која ја постави Крисал Палас за неговиот потпис, но Челзи наводно е спремен да го сруши клупскиот рекорд за да го донесе на „Стенфорд Бриџ“.
Chelsea 'face paying club-record £80m' to complete Wilfried Zaha transfer in January https://t.co/Y53navcQeE pic.twitter.com/9zTyGT0S2X
— Mirror Football (@MirrorFootball) December 12, 2019