Челзи е заинтересиран за ѕвездата на Кристал Палас, Вилфред Заха, пренесуваат медиумите на Островот.
Минатото лето за потписот на Вилферд Заха се бореа Арсенал и Евертон, но ниту еден клуб на крајот не го доведе. Причината што Заха остана во Палас е што овој клуб за него постави цена од 80 милиони евра и не сакаше да го пушти за помалку пари.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Меѓутоа, Заха сега влезе во последната година од договорот и инсистира да ја промени средината, а Челзи сака да ја искористи таквата ситуација.
„Сините“ бараат засилување во нападот, па откако не успеаа да доведат неколку фудбалери кои беа на списокот на Тухел, сега ќе се насочат кон Заха.
Заха е под договор со Кристал Палас до следното лето и клубот е подготвен да преговара за продажба, а медиумите тврдат дека трансферот може да се реализира за 35-40 милиони евра.
🚨 BREAKING: Chelsea consider late bid for Crystal Palace forward Wilfried Zaha.🇨🇮 #CFC #CPFC
— Football Transfers (@Transferzone00) August 28, 2022
(via @MiguelDelaney)