Рафаел Варан договор со Реал Мадрид има само за уште една сезона, а според пишувањето на медиумите неговата иднина во клубот од Мадрид е под голем знак прашалник.
Ситуацијата со францускиот стопер ќе се обиде да ја искористи Челзи кој е спремен да го доведе за сума од 70 милиони евра. Варан е стандарден во првиот тим на Реал, но ако Реал сака да доведе некое топ засилување од типот на Халанд и Мбапе тогаш некој ќе мора да биде продаден. Освен тоа клубот веќе би имал замена за него затоа што на големо се најавува доаѓање на Давид Алаба во Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интерес за Варан покажал и ПСЖ, а се споменива и Манчестер Јунајтед. Според информациите од Англија Челзи има предност.
Варан во Реал Мадрид пристигна во 2011 година од Ленс и со шпанскиот гигант освои 18 трофеи, меѓу кои четири во Лигата на шампионите и три во Ла Лига. Засега и оваа сезона е игра да освои некое од овие две натпреварувања. Во полуфиналето од ЛШ Варан ќе игра токму против Челзи.