Дома Трансфер зона Челзи се обидува да го „украде“ Хакими

Челзи се обидува да го „украде“ Хакими

Челзи е силно заинтересиран за играчот на Реал Мадрид, Ашраф Хакими, кој моментално игра во Борусија Дортмунд како позајмен фудбалер.

Според договорот Хакими се пресели во Дортмунд на двегодишна позајмица која истекува на лето. Германскиот клуб сака да го задржи десниот бек уште една година, но Зидан сака да го врати во своите редови 21-годишниот Мароканец.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Хакими блеска во дресот на „милионерите“ и оваа сезона настапи на 36 меча на кои постигна 7 гола и запиша 10 асистенции.

Челзи внимателно ја следи ситуацијата и сака да го „украде“ десниот бек ова лето, така што за неговиот потпис на Реал Мадрид ќе му понуди 60 милиони евра.

Се претпоставува дека „кралевите“ би можеле да ја прифатат оваа понуда со цел да го зголемат буџетот за доведување на нова ѕвезда во нападот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Три англиски гиганти го сакаат Кварацхелија

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече внима…