Дома Топ вести Челзи прави бедем во одбраната, следен е Кунде

Челзи прави бедем во одбраната, следен е Кунде

Челзи е исклучително активен на трансфер пазарот, особено кога се во прашање дефанзивците.

Откако „сините“ денес го договорија трансферот на Кулибали од Наполи за 40 милиони евра сега ќе се насочат кон друга дефанзивец.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Станува збор за дефанзивецот на Севиља и француски репрезентативец, Жил Кунде, кој е најголема желба на Томас Тухел.

Челзи уште минатото лето го сакаше Кунде, но тогаш Севиља одби да го пушти, а сега самиот играч потврди дека е спремен да ја промени средината.

Интерес за дефанзивецот покажува и Барселона, но Челзи е спремен да ја победи конкуренцијата и спреми понуда од 60 милиони евра плус бонуси.

Тухел сака да донесе двајца врвни дефанзивци после заминувањето на Рудигер и Кристенсен, па со Кунде и Кулибали ќе направи бедем во одбраната

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…