Дома Трансфер зона Челзи потроши над 300 милиони фунти, но колку засилувања ќе може да регистрира за ЛШ?

Челзи потроши над 300 милиони фунти, но колку засилувања ќе може да регистрира за ЛШ?

Челзи потроши најмногу пари во јануари на засилувања и донесе голем број фудбалери со цел да се создаде екипа која ќе доминира во следните години.

Премиерлигашот ангажира седум засилувања, но за натпреварите во Лигата на шампиони може да регистрираат само тројца, а останува да видиме кои ќе бидат тие.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Челзи го купи Енцо Фернандез за 121 милион евра, што е рекорд и најверојатно ќе биде регистриран.

Исто така, премиерлигашот го купи Мудрик кој се очекува да биде вклучен во дуелите од ЛШ, а последен кој ќе добие шанса во елитното натпреварување најверојатно ќе биде Беноа Бадиашиле, кој во првите два настапи ги воодушеви навивачите.

ТОП ПЕТ ЗАСИЛУВАЊА ВО ЗИМСКИОТ ПРЕОДЕН РОК

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…