Aнглискиот напаѓач Тами Абрахам направи вистински потег со трансферот во Рома затоа што ја игра сезоната на кариерата.
Сезонава Абрахам во дресот на Рома постигна 25 гола во сите натпреварувања и со тоа веднаш го привлече интересот на бројни клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа Рома нема лесно да ги откаже и им порача на заинтересираните клубови дека за Абрахам ќе мора да платат 120 милиони евра.
Меѓутоа, италијанските медиуми откриваат дека во договорот на напаѓачот постои клаузула со која Челзи ќе може да го врати на „Стенфорд Бриџ“ за 80 милоини евра.
Со оглед на одличната сезона и фактот дека Лукаку ќе го напушти клубот, Челзи сериозно размислува да ја активира клаузулата.