Раководството на Челзи е силно заинтересирано за левиот бек на Ајакс и аргентински репрезентативец, Николас Таљафико.
Таљафико минатата сезона одигра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти и има договор со Ајакс до 2022 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, самиот Аргентинец потврди дека сака да ја промени средината ова лето и се надева дека Ајакс нема да му стои на патот.
Челзи има одлични односи со Ајакс и во јануари го договори трансферот на Хаким Зијех, а сега може уште еден фудбалер од Амстердам да се пресели на „Стенфорд Бриџ“.
Спортскиот директор на Ајакс, Едвин ван дер Сар истакна дека клубот нема да му биде пречка на Таљафико, а за неговата слобода бара 25 милиони евра.
Покрај Челзи интерес за Аргентинецот покажуваат уште Барселона, Интер и Атлетико Мадрид.