Aргентинецот, Таљафико зборуваше за „Тутомеркатовеб“ во пресрет на реваншот против Рома во Лигата на Европа.
Таљафико во медиумите се поврзува со Интер, а сега отворено призна дека тоа му годи. Посебно затоа што негов идол е легендарниот Хавиер Занети.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Нормално дека ми е годи што ме поврзуваат со клуб со така голема историја. Искрено ќе ви кажам дека мој идол на сите времиња е Хавиер Занети. Целата своја кариера ја помина во Интер, па затоа и за мене е чести задоволство. Тоа е она што можам да го кажам, засега уживам во Ајакс ќе видиме што ќе биде понатаму“, изјави Таљафико.
Договорот на Таљафико со Ајакс е до 2023 година, сезонава на 22 настапи постигна еден гол и запиша две асистенции.