Дома Трансфер зона Барса и Атлетико ја сакаат ѕвездата на Ајакс

Барса и Атлетико ја сакаат ѕвездата на Ајакс

Барселона и Атлетико Мадрид се силно заинтересирани за левиот бек на Ајакс и аргентински репрезентативец, Николас Таљафико.

Таљафико минатата сезона одигра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти и има договор со Ајакс до 2022 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, самиот Аргентинец потврди дека сака да ја промени средината ова лето и се надева дека Ајакс нема да му стои на патот.

Таљафико треба да биде ново решение за зголемување на конкуренцијата за Жорди Алба, откако Жуниор Фирпо не ги оправда очекувањата.

Од друга страна пак Диего Симеоне сака да донесе нов лев бек и Таљафико е првата желба на „јорганџиите“.

Ајакс за неговата слобода бара 25 милиони евра, сума која двата клуба се спремни да ја платат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…